Економија, финансии, бизнис

Контакт

Могерини бара реформи па, слободни избори и во Албанија

Могерини бара реформи па, слободни избори и во Албанија

Високата претставничка на Европска унија за заедничка надворешна политика и безбедност Федерика Могерини на Албанија и препорача синоќа дека бојкотот на албанската опозиција на Парламентот ја спречува земјата да се интегрира и да се приседини кон ЕУ.

Решенијата за Албанија се многу слични со македонското сценарио каде опозицијата се обидува да го користи рецептот на Заев со редовни протести, па дури и кампување во шатори пред владата.

Могерини на средбата со високи албански претставници и политички лидери истакна дека реформата на судскиот систем и организирање на слободни избори се двата неопходни чекори за да бидат убедени земјите-членки на ЕУ да почнат преговори за полноправно членство на Албанија.

- Подготвени сме да почнеме преговори веднаш штом почне примената на судската реформа, истакна Могерини на прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама.

Таа се сретна и со лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша. Опозицијата веќе две недели протестира бидејќи не верува дека парламентарните избори, што се закажани на 18 јуни, ќе бидат слободни и фер и бара формирање на техничка влада.

Слично

Поврзани вести