Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОЕТО МЕСТО ПОВЕЌЕ ГО НЕМА, НАСЕКАДЕ САМО МРТВИ ТЕЛА: Сведоштва од пожарите од Грција

МОЕТО МЕСТО ПОВЕЌЕ ГО НЕМА, НАСЕКАДЕ САМО МРТВИ ТЕЛА: Сведоштва од пожарите од Грција

Големата трагедија со пожарите во Грција која почна во понеделникот, ноќеска прерасна во катаклизма со апокалиптични размери. Најмалку 50 лица загинале, повеќе од 150 се повредени, многу се во критична ситуација, а поглем број исчезнале откако на 15 локации речиси истовремено избувнале големи пожари, потпомогнати од сушата, исклучително високи температури на воздухот и ветер.

Повеќето пожари се ставени под контрола во текот на ноќта.

Најтешка е ситуацијата во туристичкото место Мати, 29 км источно од Атина, кое се најде во огнениот обрач и целото население, и туристи, и покрај апелите на локалните пожарникари не успеале да избегаат на сигурно. Пламените јазици во текот на ноќта влегле во самото место, и како што наведуваат сведоците, целосно го уништиле.

-Моето место повеќе го нема!Мати повеќе не постои како населба, сега има само изгорена земја. Видов мртви тела, изгорени автомобили. Среќна сум што сум жива, изјавила една жена за грчката телевизија Скај.

Мати се наоѓа во регионот на Рафина, поппуларната меѓу домашните туристи и никако не можевме да го спречиме тоа - ја опишал драматичната ситуација грдоначалникот на градот Евангелос Боурноус за ТВ АНТ1, додавајќи дека повеќето луѓе се загушиле или се удавиле во паника.

Заклучете ги своите домови и бегајте. Одете, невозможно е да преживеете вдишувајќи толку чад подлго од неколку часа, ги предупредил пожарникарниот наредник жителите и туристите во туристичкото место Кинета откако дел од луѓето дибиле евакуација.

-Ова е екстремна ситуација, додал тој.



ФОТО: Ројтерс

Слично

Поврзани вести