Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОДЕЛОТ „ДВЕ ГЕРМАНИИ“ ЗА СРБИЈА И КОСОВО: Ова е планот на германскиот дипломат Ишингер

МОДЕЛОТ „ДВЕ ГЕРМАНИИ“ ЗА СРБИЈА И КОСОВО: Ова е планот на германскиот дипломат Ишингер

Германскиот дипломат Волфганг Ишингер изјави дека моделот „две Германија“ што тој го предложи во 2007 година како решение за Косово и Србија сè уште може да овозможи премостување во вистинската насока.

Ишингер на Твитер му одговори на поранешниот министер за надворешни работи на Косово, Петрит Селими, кој ја коментираше „новата рамка“ на дијалогот наводно планиран од Германија и Франција, а кој вчера се појави во албанските медиуми.

Според тој план, Србија во следните десет години нема формално да ја признае независноста на Косово, туку треба да го прифати Косово како правна и политичка реалност.

„На крајот на 2007 година, ние, косовската тројка, речиси успеавме со моделот „Две Германии“ што го предложив. Тој сепак може да обезбеди мост за решение во вистинската насока“, нагласи Ишингер.

Ишингер беше претставник на Европската унија во преговарачката тројка во која претставник на Русија беше Александар Боцан Харченко, актуелен амбасадор на Русија во Србија, додека претставник на САД беше Френк Визнер.

Селими на Твитер потсети дека Западна и Источна Германија никогаш не се признале, туку дека се рамноправни членови на меѓународната заедница.

„Тоа е моделот на „Две Германии“ предложен од Ишингер пред неколку години. Западна и Источна Германија никогаш не се признаа, но и двете беа рамноправни членови на меѓународната заедница. Тоа не е точната аналогија, но поради недостаток на морков (гаранција за проширување на ЕУ) тоа е она за што се ЕУ се подготвува“, пишува Селими.

ФОТО: EPA/RONALD WITTEK

Слично

Поврзани вести