Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОБИЛНОТО БАНКАРСТВО ЗЕМА ЗАМАВ: Се повеќе се користи, најмногу меѓу младите!

МОБИЛНОТО БАНКАРСТВО ЗЕМА ЗАМАВ: Се повеќе се користи, најмногу меѓу младите!

Најнов тренд во развојот на електронското банкарство е мобилното банкарство (mobile banking). Тоа овозможува едноставно и практично користење на банкарските услуги во секое време и од секое место преку преносен компјутер (laptop, netbook, tablet pc), ПДА, смартфон или мобилен телефон. Најновата генерација на мобилни телефони овозможува поврзување на интернет директно од самиот телефон, што значи дека корисникот преку него може да пристапи кон банката и врши банкарски трансакции.

Негова најголема предност е мобилноста, односно услугите кои ги пружа мобилното банкарство се независни од локацијата на корисникот и операторот, а со тоа банкарските услуги се достапни 24 часа, 365 дена од било кое место во светот кое е покриено со GSM сигнал. Поради тоа, трансакциите се извршуваат за неколку минути, без одење во банката, па корисникот заштедува време и пари. Во првите години од неговото воведување, кон мобилното банкарство се пристапувало од мобилниот апарат преку SMS пораки или преку WAP стандардот. Брзиот развој на технологијата придонел денес да се користи 3G/4G технологија кој овозможува мобилен интернет со многу побрз пристап. Поради фактот што бројот на корисници на мобилните телефони е далеку поголем од бројот на интернет корисници, како и поради погодностите кои ги нуди, се прогнозира дека мобилното банкарство во наредните години ќе доживее поголема експанзија од интернет банкарството.

Имиџ на иновативна организација

 Со воведувањето на електронското банкарство, банката создава имиџ на иновативна организација која е подготвена на своите клиенти да им понуди најсовремени услуги и технолошки решенија.

 Предности за клиентот

Услуга достапна во секое време. Електронското банкарство на корисниците им овозможува користење на банкарските услуги 24 часа дневно, 7 дена во неделата, 365 дена годишно, односно работното време не е ограничено. Сите расположливи банкарски услуги се достапни во секој момент кога корисникот има потреба за истите.

Брзо извршување на трансакциите

Преку електронското банкарство на корисникот му е овозможено брзо извршување на трансакциите, без одење во банка и чекање на шалтер со што клиентот ги извршува потребните трансакции за многу пократко време.

Просторна неограниченост

Електронското банкарство на корисниците им овозможува управување со своите сметки од било кое место во светот, а потребно е само компјутер или мобилен телефон и интернет конекција.

Помали трошоци за извршување на трансакцијата

Провизијата за вршење на трансакции преку интернет банкарството е помала во споредба со вршење на истите трансакции на традиционален начин. Тоа се постигнува преку намалените трошоци на банката (помали фиксни трошоци и работен кадар).

Глобална предност

Употребата на електронско банкарство придонесува за намалување на трансакционите трошоци на глобално ниво, многу брзо извршување на трансакциите помеѓу земјите по електронски пат, а најзначајна карактеристика на електронските пари е нивната транснационалност.

Предизвици во развојот на мобилното банкарство

Постојат многу предизвици поврзани со мобилното банкарство, но тие не треба да го спречат неговото понатамошно ширење. Секако, тие бараат соодветна санација за да се намали веројатноста за нивна појава и влијание. Некои од тие предизвици се:

Сигурност

Безбедноста е еден од главните предизвици, бидејќи во мобилно банкарство, финансиските институции немаат контрола на мрежата и особено на уредите.
Еднократната лозинка (OTPs) е најновата алатка која се користи од страна на финансиските и банкарските даватели на услуги во борба против сајбер измамите. Наместо да се потпираат на традиционалните меморирани лозинки, OTPs се бараат од страна на потрошувачите секој пат кога ќе сакаат да извршуваат трансакции со користење на онлајн мобилно банкарство. Кога барањето е примено, лозинката е испратена на телефонот на потрошувачите преку СМС порака. Лозинката е истечена, откако таа ќе се искористи

Вештини и искуства

Уште еден предизвик поврзан со мобилно банкарство е дека многу вештини не се достапни на пазарот за дизајн, развој, тестирање, распоредување и одржување на мобилни банкарски канали и нивната безбедност. Препорачлива е употреба на одлични консултанти и организации.[3]

Интеграција

Релевантен предизвик со мобилно банкарство е интеграцијата со останатите банкарскисистеми. Финансиските институции треба да ги интегрираат мобилните банкарски апликации со стотици други апликации кои се во нивната институција. Лансирањето на мобилнатафинансиска институцијаво јавноста може да реши некои од овие предизвици и да се овозможи побрзо лансирање напазарот.

Младите најчести корисници на мобилното банарство

Бројот на корисници на електронско банкарство во Македонија расте со двоцифрена стапка годишно. Банките нудат сè повеќе услуги кои граѓаните и компаниите можат да ги завршат од својот компјутер.

Податоците на банките покажуваат дека најголем дел од граѓаните го користат е-банкарството главно за следење на состојбата на нивните сметки преку Интернет и плаќање режиски трошоци, додека компаниите користат е-банкарство главно за меѓународни плаќања.

Од друга страна, зголемената употреба на „паметните" мобилни телефони ги натера банките да почнат да размислуваат во правец на нудење услуги за мобилно банкарство.Овој тип на банкарство сè повеќе се употребува, а на корисниците им овозможува олеснет пристап до банкарските услуги во секо време , без потреба да чекаат на шалтери.

Слично

Поврзани вести