Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мобилниот шалтер на УЈП ќе посети седум рурални општини

Мобилниот шалтер на УЈП ќе посети седум рурални општини

Мобилниот даночен шалтер на Управата за јавни приходи месецов ќе посети седум рурални општини.

На 7 јули ќе бидат во Лозово, на 15 во Липково, на 19 во Пласница, на 20 во Чашка, на 21 во Центар Жупа, на 26 во Јегуновце, на 29 во Пласница и Зрновци.

Посетите се од 10 до 15 односно до 14 часот пред општинските згради во наведените населени места.

Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење/седиште, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања и слично, како и да ги подигнат сите документи што ги издава Управата за јавни приходи.

Слично

Поврзани вести