Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мобилниот шалтер на УЈП ќе посети над 10 населени места

Мобилниот шалтер на УЈП ќе посети над 10 населени места
Мобилниот даночен шалтер на Управата за јавни приходи во март ќе посети над 10 населени места, со што граѓаните ќе можат да добијат даночни услуги, совети, да поднесат даночни пријави и други барања. Според распоредот објавен на веб страната на УЈП, на 1 март мобилниот даночен шалтер ќе биде во Липково, на 3 март во Лозово и Јегуновце, на 4 март во Петровец, на 7 март во Желино, на 8 март во Теарце, на 9  март во Пласница и Чашка, на 10 пак Лозово, на 11 март во Ѓорче Петров, на 15 март во Зелениково, Центар Жупа и Зрновци и на 24 март ќе го посетат Лозово. Пред општинските згради  во наведените општини даночниците ќе бидат од 10 до 15 часот, со цел да им излезат во пресрет на граѓаните и фирмите. Со три специјално опремени комбиња, даночниците секој месец посетуваат населени места каде немаат постојани даночни канцеларии.
Слично

Поврзани вести