Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мобилниот даночен шалтер на УЈП во обиколка на повеќе општини

Мобилниот даночен шалтер на УЈП во обиколка на повеќе општини

Мобилниот даночен шалтер на Управата за јавни приходи, во месец ноември ќе посети повеќе од 10 општини во Македонија. 

Денеска ќе биде посетено Старо Нагоричане, на 4 Маврово и Ростуша, на 7 Липково, на 8 Јегуновце, на 10 Центар Жупа и Лозово, на 11 Зрновци и пак Маврово Ростуша, на 14 Желино, на 16 Карбинци, на 18 Маврово Ростуша, на 22 Теарце, на 23 Конче, на 24 Лозово, на 25 Маврово и Ростуша и Зрновци и на 30 Пласница и Чашка. Посетите се од 10 до 14.30 или од 10 до 15 часот пред општинските згради. 

Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење/седиште, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања и слично, како и да ги подигнат сите документи што ги издава Управата за јавни приходи. 

Со трите специјално опремени комбиња, даночниците секој месец ги посетуваат населените места каде Управата нема постојани даночни канцеларии, како и локации кои дополнително можат да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното население и бизниси.

Слично

Поврзани вести