Мобилниот даночен шалтер на УЈП ќе посети рурални општини
Мобилниот даночен шалтер на Управата за јавни приходи во мај ќе посети повеќе рурални општини во земјава.
Според распоредот објавен на веб страната на УЈП, на 4 мај ќе биде посетена општина Чашка, на 12 Лозово, на 17 Пласница, на 18 Јегуновце, на 19 Центар Жупа и Лозово, на 25 Теарце, на 26 Желино, на 27 Зрновци и на 30 Липково.
Со трите специјално опремени комбиња, даночниците секој месец ги посетуваат населените места каде Управата нема постојани даночни канцеларии, како и локации кои дополнително можат да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното населиние и бизниси. Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања и слично, како и да ги подигнат сите документи што ги издава Управата за јавни приходи.
