Мобилен телефон – причина за ударот на гром на пазарот во Задар?
Удар на гром повреди две жени на пазарот во Задар. Според експертите, ударот на гром на ниско и посетено место како што е пазарот е ретка појава, но во овој случај пресудила комбинација од фактори - железна решетка, дрво во близина и - мобилен телефон.
Експертите предупредуваат дека е потрбна исклучителна внимателност при невреме со грмотевици. Се препорачува да се избегнуваат отворени и празни простори, како фудбалски игралишта, а никако не се препорачува заштита да се бара под стеблото на високо, осамено дрво.
Исто така, пожелно е да се тргнете од метални предмети, као што се чадори со метален врв. И никако не треба да се разговара на мобилен телефон, што покажал и случајот во хрватскиот град Задар.
„Се претпоставува дека ударот најпрвин одел во мобилниот телефон, а потоа на кожата над уото. Затоа што громот ќе оди кон електрицитетот, а уредот, односно мобилниот телефон, испушта поголем електрицитет од телото на човекот“, вели лекарката Меланија Ражов Радас.
Жената која ја погодил гром додека разговарала на мобилен телефон е задржана на лекување. Увото и е повредено, а допрва ќе треба да се утврди дали и е оштетен слухот.
Слично
