МНР со протестна нота до Грција за оштетувањето на македонски возила
Министерството за надворешни работи денеска му врачи протестна нота на шефот на грчката канцеларија за врски, Теохарис Лалакос, поради зачестените случаи со оштетени возила на македонски граѓани во Грција, информира Телма телевизија.
Укажана е и загриженост за неодамнешниот протестен собир на македонско-грчката граница, каде беше употребена екстремна националистичка иконографија и беа упатувани закани и навреди кон македонските граѓани. На Лалакос му е предочено и дека се очекува, грчките власти да преземат соодветни мерки за да се спречат понатамошните оштетувања и националистичката реторика.
Досега, ниту еден ваков случај не добил завршница, потврдуваат и од Министерството за внатрешни работи.
- За жал, немаме случај во кој е пронајден сторителот на некое од овие дел - вели помошник-министерот во МВР, Иво Котевски.
Според него, тие немаат никакви ингеренции да реагираат за овие случаи, освен да ги пријавуваат во Министерството за надворешни работи. Од двете министерства апелираат дека е од клучна важност, граѓаните да ги пријавуваат штетите и во Грција, за да не може нашиот сосед да ги негира, како што правеше во изминатите години.
Слично
