МНР потврди: Во Либија има киднапиран македонски инженер
По 24 часа проверка на идентитетот, македонското Министерство за надворешни работи потврди дека еден од киднапираните инженери во Либија е македонски државјанин.
Италијанските медиуми објавија дека во Либија, меѓу тројца киднапирани инженери е и Македонецот Емилио Гафури, но македонските власти првично не пронајдоа македонски државјанин со тоа име.
Подоцна било потврдено дека киднапираниот сепак е Македонец, а неговиот идентитет и други детали се очекува да бидат објавени денеска.
Тројцата киднапирани инженери во Либија работеле за италијанската фирма „Пјаченца конструциони“ и последен пат биле видени во саботата наутро. Досега за нив не е побаран откуп.
Слично
