МНР потврди: Македонија е меѓу земјите во коалицијата против Исламската држава
Македонија е меѓу 50-тина земји и организации кои потврдија дека ќе бидат дел од меѓународната коалиција формирана од САД за борба против Исламската држава, потврди Министерството за надворешни работи за Фактор.
Од земјава била побарана помош засега во муниција, но за деталите за видот на ангажираноста министерот Попоски денеска разговара со американските партнери, по што ќе макдонската Влада ќе треба да донесе формална одлука како ќе се вклучи во операциите кои се интензивираат.
Одлуката Македонија позитивно да одговори на барањето од Вашингтон и да стане дел од глобалната коалиција, ја потврдуваат и од Влада, од каде исто ткаа нагласуваат дека за видот на практичната поддршка во тек се разговори со партнерите.
Како што објави Фактор, дека Македонија донела ваква одлука да партиципира во коалицијата формирана за борба против Исламската држава во Ирак и Сирија најпрвин информираше американскиот Стејт департмент, кон крајот на минатата недела, кога објави детален список на сите земји и организации што го прифатиле повикот.
Македонија се приклучи во меѓународната коалиција за борба против Исламската држава!
Донесената одлука може директно да ги загрози македонските граѓани, бидејќи Исламската држава објави повик до своите поддржувачи да ги напаѓаат државјаните на сите земји кои се најдоа на списокот на САД.
Коалицијата која ја најави американскиот претседател Барак Обама веќе ја сочинуваат држави и организации, а освен Македонија во неа се и: Албанија, Арапската Лига, Андора, Австралија, Австрија, Бахреин, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Канада, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Египет, Естонија, Европска унија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Ирак, Јапонија, Јордан, Косово, Кувајт, Либан, Литванија, Луксембург, Малта, Црна Гора, Молдавија, Мароко, НАТО, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Оман, Полска, Португалија, Катар, Јужна Кореја, Романија, Саудиска Арабија, Србија, Словачка, Шпанија, Шведска, Турција, Украина, Обединетите Арапски Емирати и Обединетото Кралство, објави американскиот Стејт департмент.
Билјана Арсовска
Слично
