МНР нема информации за загинати македонски државјани во Италија
Министерството за надворешни работи информира дека Македонската амбасада во Рим е во постојан контакт со надлежните институции во Италија и до овој момент, нема информации за повредени или загинати македонски државјани во земјотресот.
„За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Италија, молиме да се обратите на дежурните телефони во Амбасадата на Република Македонија во Рим и во Министерството за надворешни работи на Република Македонија“ - се вели во соопштението од МНР.
Амбасада на Република Македонија во Рим, Италијанска Република Лица за контакт: Емилија Николовска Мобилен телефон: 00393889050310 Лице за контакт: Семра Рамадани Алими Мобилен телефон: 00393485273136 Адреса: Via Bruxelles 73/75, 00198 Rome Е-пошта rome@mfa.gov.mk
Министерство за надворешни работи на Република Македонија Лице за контакт: Силвана Ивановска Мобилен телефон: 00389 72 239 052 Тел: +389 2 3115 266 Факс: +389 2 3115 790 Е-пошта: silvana.ivanovska@mfa.gov.mk infocentar24/7@mfa.gov.mк
МНР изрази сочувство до семејствата на загинатите и повредените во силниот земјотерсот што го погоди централниот дел на Италија.
