Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНР му посака успех на Никола Димитров

МНР му посака успех на Никола Димитров
Министерството за надворешни работи потврди дека амбасадорот во Холандија Никола Димитров се повлекува од дипломатската кариера, по негово барање. „Димитров лани прифати продолжување на професионалниот ангажман за што беше поднесено барање за акредитиција. Во меѓувреме, се одлучил за друга работна понуда во Холандија, во период додека ја извршува функцијата амбасадор таму, и согласно личните приоритети одлучи да ја прифати таа понуда“, потврдија од Канцеларијата за односи со јавност на МНР. МНР ќе ја почитува одлуката и му посакува успех на Димитров на новата позиција, а Македонија ќе продолжи со зголемен елан да ја унапредува соработката со Кралството Холандија, стои во соопштението. Димитров денеска објави дека не го прифатил прераспоредувањето на нова должност - амбасадор на Македонија во Москва. Тој одлучил да остане во Холандија, каде што до сега беше амбасадор,и кариерата да ја продолжи во Хашкиот институт за глобална правда. Никола Димитров беше еден од најпознатите македонски дипломатски претставници, во еден период беше заменик министер за надворешни работи, како и советник на претседателот на Република Македонија за национална безбедност. Во својата дипломатска кариера беше и амбасадор во Вашингтон, специјален пратеник во разговорите за надминување на разликата околу името, национален координатор за НАТО, како и ко-застапник на Република Македонија пред Меѓународниот суд на правдата и амбасадор во Хаг.
Слично

Поврзани вести