Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНР: Македонски граѓани да останат на безбедни локации во Турција

МНР: Македонски граѓани да останат на безбедни локации во Турција

Министерството за надворешни работи информира дека континуирано ја следи состојбата во Турција и е во постојан контакт со Амбасадата на Република Македонија во Анкара и Генералениот конзулат во Истанбул.

Од МНР ги известуваат сите македонски граѓани кои се наоѓаат во овој момент во Турција, да останат на безбедни локации, да не ги напуштаат хотелите и објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации.

„За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Турција, молиме да се обратите на отворените телефони во нашите дипломатско-конзуларни претставништва во Анкара и Истанбул или во Министерството за надворешни работи“ - се вели во соопштението од МВР.

Синоќа македонските државјани биле во паника затоа што не можеле да контактираат со никој од МНР.

По обидот за државен удар што се случи ноќеска во Турција, силите лојални на актуелната власт успеаја да ја вратат контролата во најголемите градови.

Слично

Поврзани вести