Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНР: Емилио е всушност Милјазим Гафури и веќе е ослободен

МНР: Емилио е всушност Милјазим Гафури и веќе е ослободен

Милјазим Гафури од Ново Село, Боговиње е македонскиот државјанин кој беше киснапиран во Либија, објави македонското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека Гафури веќе е ослободен и се наоѓа во италијанската амбасада во Триполи.

„Гафури и неговите двајца колеги од фирмата во која што работи се водеа како исчезнати од 05.07 наутро. Министерството за надворешни работи би сакало да се заблагодари на одличната соработка на италијанските, либијските и босанските власти“, стои во соопштението од МНР. Гафури, заедно со двајца колеги од БиХ и од Италија, бил киднапиран во саботата во либискиот град Зувара, каде што работел како инженер за италијанската компанија „Пјаченца коструционе“. Киднаперите не побарале откуп и нема повеќе детали како тројцата инженери биле ослободени. Македонското Министерство за надворешни работи имаше потешкотии да го потврди идентитетот на киднапираниот македонски државјанин, со оглед на тоа што тој во фирмата наместо Милјазим, се претставувал како Емилио.  
Слично

Поврзани вести