МНР: Долгот кон ОН е платен
Долгот кон Обединетите нации е подмирен, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР). Според МНР Македонија не го изгубила правото на глас во ОН, а наскоро тоа ќе биде нотирано и во светската организација.
Реакцијата на МНР следи откако медиумите информираа дека Македонија го изгубила правото на глас во ОН зашто должи членарина за две години, и дека минималниот износ што мора да го плати е 24.606 долари.
„Имавме рок од две недели да платиме. Во однос на плаќањето на членарината кон ОН, неопходниот износ е подмирен“, соопштуваат од МНР.
Слично
