МНР денеска ќе соопшти дали има настрадани македонски државјани во Истанбул
Нема информации за повредени македонски државјани во терористичкиот напад што се случи синоќа на аеродоромот „Ататурк“ во Истанбул.
Повеќе информации во текот на денот ќе соопштат од Министерството за надворешни работи.
Тие се во постојана комуникација со Македонската амбасада во Анкара и со Конзулатот во Истанбул, а редовна комуникација имаат и со турските власти.
„Туркиш ерлајнс“ ги прекина времено летовите, откако напаѓачи-самоубијци од „Исламска држава“ убија 36 лица на аеродром во Истанбул. Најмалку 36 луѓе загинаа и 147 се повредени во троен самоубиствен напад на истанбулскиот аеродром Ататурк.
Авионот кој синоќа полета од Скопје кон Истанбул со авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“е пренасочен и слетал на аеродромот во Измир.
Денешниот претпладневен лет од Скопје за Истанбул со авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ е предвидено да се реализира со задоцнување, а вечерниот лет е откажан.
Турскиот премиер Бинали Јилдирим нагласи дека првите знаци укажуваат дека станува збор за напад извршен од „Исламска држава“.
