Mногу висока инфлација од 70 отсто ја тресе Турција
Инфлацијата во Турција во април се зголеми на 70 отсто и е најголема од 2002 година.
Во Турција критичарите ја обвинуваат економската политика на претседателот Реџеп Таип Ердоган за скокот на цените. Ердоган се противи на високите трошоци за задолжување, тврдејќи дека тоа предизвикува инфлација.
Растот на цените направи за многу семејства да бидат недостапни и основните потреби.
Малопродажните цени се зголемија за 69,97 отсто во април во споредба со истиот период минатата година, што е најголем таков пораст во Турција од 2002 година, објави денеска Турскиот статистички институт. Во март годишната стапка на инфлација во Турција беше 61,14 отсто. Турската лира изгуби 44 отсто од вредноста во однос на американскиот долар лани. И во Европа и САД инфлацијата се зголеми. Кризата во Украина погоди многу земји кои имаат економски врски со неа и со Русија.
foto freepik.com
