МНОГУ ВЕТУВАЊА БЕЗ ЕФЕКТ: Жените од Шутка револтирани оти немаат гинеколог!
Протестен перформанс во знак на револт приредија денеска жените ромки од Шуто Оризари поради немањето на матичен гинеколог во амбулантата.
Тие се жалат дека по многуте барања и средби кои ги имале со институциите уште не го добиле ветениот гинеколг.
Салија Бекир Халим од Инцијатива на жените од Шуто Оризари вели дека досегашните времени мерки се покажале како неефективни и незадоволителни.
Протестантките го повикаа и градоначалникот на Шуто Оризари и го запрашаа што тој ќе направи за да помогне во решавањето на проблемот на жените од општината.
Обидите на власта засега се безуспешни и покрај сите најави финансиски да ги мотивираат гинеколозите.
Слично
