Многу промени во СДСМ, партијата се отвара за сите граѓани
СДСМ како партија се отвара за граѓаните од сите слоеви, возрасти и етнички заедници, потпретседател стана Радмила Шеќеринска, Централниот одбор се проширува со по еден член од руралните средини, дополнително ќе се активираат месните организации. Ова е само дел од новите и статутарните промени усвоени денеска, на 15. Конгрес на СДСМ.
Претседателот на партијата, Зоран Заев од порача дека партијата не се согласува со ваква Македонија, која како што рече ниту е фер, ниту демократска ниту пак правична земја и ги повика сите што се согласуваат со овој став да се приклучатна партијата.
„Од лидери, станавме најголеми балкански лузери. Тажно и разочарано гледаме во грбот на довчерашните европски аутсајдери - Србија и Косово, а пред седум години чекоревме заедно со Хрватска – утре таа е полноправен член на ЕУ. За дебаклот Груевски дрско и безобразно ги обвинува сите опозицијата, домашните предавници, меѓународната заедница. Цел свет е виновен, само тој не“, истакна Заев во своето обраќање.
Со статутарните промени во СДС се зголемува учеството на младите во сите партиски органи од 20 на 30 проценти, а учеството на жените се зголемува од 30 на 40 проценти.
„Со измените и дополнувањата на Статутот на партијата се отвараат вратите на СДСМ за сите граѓани кои не се согласуваат со политиките на Власта, кои не се согласуваат со состојбите во државата, кои не можат да молчат и да гледат како ни тоне земјава наша. Денес преку овој документ – Устав на СДСМ и формално се создава можност да се приклучи секој кој сака да даде свој придонес кон подобро утре, кон подобар живот, кон перспектива и надеж, кон поинаква, кон подобра Македонија“, рече лидерот на СДСМ на присутните делегати.
Според Заев со новиот документ во СДСМ и формално се создава можност да се приклучи секој кој сака да даде свој придонес кон подобро утре, а во своето обраќање ја искритикува сегашната владејачка гарнитура.
„Државата неконтролирано и непродуктивно тоне во долгови, народот мизерува во сиромаштија, а се богати единствено семејната и партиска олигархија на ВМРО ДПМНЕ“, забележува Заев.
Слично
