Економија, финансии, бизнис

Контакт

Многу помалку националисти од очекувањата на протестите во 24 грчки градови

Многу помалку националисти од очекувањата на протестите во 24 грчки градови

Многу помалку националисти за разлика од најавеното и од очекувањата вчера имало на собирите во 24 грчки градови на кои беше предвидено да се изрази незадоволоството од тоа што ќе треба во предлозите за новото има да го има терминот „Македонија“.

На плоштадот во градот Пела, до споменикот на Александар Велики, се одржа централниот собир, на кој се собраа едвај три илјади граѓани, со грчки знамиња и пораки дека Македонија е грчка. На присутните им се обратија претставници на организаторите, но и свештени лица што го поддржаа протестот. Меѓу граѓаните беа и лидерот на грчката партија Сојуз на централисти, Василис Левендис и префектот на областа централна Македонија, Апостолос Ѕиѕикостас.


Протестите  се одржаа во вкупно 24 грчки градови, а според информацијите на грчките медиуми воопшто не беа масовни. Позитивна вест е што се поминало без немири и пријавен е само еден инцидент и тоа предизвикан од ултра-левичари анархисти кои им се спротивставиле на националистите со порака да ја остават „Македонија на мира“.

Според локалните медиуми од островот, за време на собирот во градот Хања на Крит, на плоштадот се појавила група анархисти со плакат со антифашистички пораки, но и извикувајќи слогани против протестот. Малку недостигало да се случи инцидент, а по интервенцијата на полицијата со употреба на солзавец, анархистичката група се повлекла, а протестот продолжил. Според критскиот портал Flashnews, кусо подоцна, во обид да одземе ранец со палки од рацете на анархист, еден полицаец бил од зад грб нападнат со удари во глава, бил полесно повреден, а за инцидентот биле приведени најмалку две лица.


Слично

Поврзани вести