Многу пациенти, малку лекари – можни се дури и грешки!
Лекарите во градската општа болница „8-ми Септември“ работат под притисок, а апаратите откажуваат, алармира првиот човек на здравствената установа Сашо Стојчев.
Според него, зголемениот број пациенти и ограничениот медицински персонал сериозно го доведуваат во прашање квалитетот на здравствените услуги.
„Се плашам секогаш кога има многу работа да не се доведе во прашање квалитетот на услугите, за тоа стравувам. Веќе имаме жалби да се смали времето потребно за преглед на пацинетите, особено од овие одделенија каде имаме преголема навала, па од мој аспект како лекар и директор на болницата, постојат ризици да се направи лекарска грешка“, предупреди тој.
Заради премореност на лекарите се одложувале и хируршки интервенции. Според директорот Стојчев, критична е состојбата со лабораториите во болницата, како и во одделенијата за рентген, урологија, ортопедија и гастро. На амбулантските прегледи се чека до 40 дена, додека на магнетна резонанца и компјутерска томографија повеќе и од два месеца.
Од градската болница апелираат до пациентите да бидат трпеливи, а од Министертвото за здравство бараат модел по кој ќе функционираат без проблеми.
Слично
