Економија, финансии, бизнис

Контакт

Многу од жителите на Петриња Новата година ќе ја дочекаат под отворено небо

Многу од жителите на Петриња Новата година ќе ја дочекаат под отворено небо

Жителите на хрватското гратче Петриња уште еден ден поминаа под отворено небо и во своите автомобили, откако катастрофалниот земјотрес од 6.2 степени ги остави без нивните домови.

„Во нашата улица, 70 отсто од покривите на куќите се уништени. Се грееме во автомобилите. Чувајте се луѓе, почнаа и да крадат. Спиеме под отворено небо, така и ќе влеземе во новата година“, вели еден од жителите на Петриња.

Луѓето апелираат властите што побрзо да им обезбедат шатори и камп приколки. Не сакаат да се вратат во своите домови. Велат многу од куќите се оштетени и се плашат од нови потреси.

„Вечерва ќе отвориме шампањско, единственото шише што не се скрши“, со солзи во очите порача една жена пред камерите.

Земјотресите не запираат, но се со послаб интензитет. 

Foto: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Слично

Поврзани вести