Економија, финансии, бизнис

Контакт

Многу малку претприемачки и работнички истовремено

Многу малку претприемачки и работнички истовремено

Малку повеќе од 2 от­сто од вра­бо­те­ни­те же­ни се ја­ву­ва­ат во уло­га на ра­бо­то­дав­ци, а пла­ти­те на же­ни­те се и до ед­на пе­ти­на по­ма­ли во спо­ред­ба со тие на нив­ни­те маш­ки ко­ле­ги.

По­да­то­ци­те од пуб­ли­ка­ци­ја­та „Ма­жи­те и же­ни­те во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја“ на Др­жав­ни­от за­вод за ста­тис­ти­ка јас­но по­ка­жу­ват де­ка се уш­те има го­ле­ми раз­ли­ки во при­хо­ди­те и во ста­ту­сот меѓу вра­бо­те­ни­те мажи и же­ни, без ог­лед кол­ку теш­ка и од­го­вор­на ра­бо­та вр­шат, од тек­стил­на ра­бот­нич­ка до ди­рек­тор­ка во бан­ка. Спо­ред пуб­ли­ка­ци­ја­та, од вкуп­но 270.599 вра­бо­те­ни же­ни, са­мо 6.300 се ра­бо­то­дав­ци. Во од­нос на при­хо­ди­те, во зем­ја­ва ре­чи­си е ед­на­ков бро­јот на ма­жи­те и же­ни­те што зе­ма­ат пла­та од 8.000 до 10.000 де­на­ри. Но, ана­ли­за­та на ста­тис­тич­ки­те по­да­то­ци по­ка­жу­ва де­ка по­ви­со­ки­те ра­ко­вод­ни по­зи­ции во јав­ни­от и во при­ват­ни­от сек­тор, кои зна­чат и по­ви­со­ки пла­ти, се за­фа­те­ни од ма­жи­те. Та­ка, пла­та по­ви­со­ка од 30.000 де­на­ри за­ра­бо­ту­ва­ле 4.633 же­ни и 9.935 ма­жи, а пла­та од 40.000 де­на­ри и по­ве­ќе зе­ма­ле 6.069 ма­жи нас­про­ти 1.899 же­ни.

Вра­бо­те­нос­та во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја се ка­рак­те­ри­зи­ра со мно­гу не­по­вол­на по­ло­ва струк­ту­ра. Оваа струк­ту­ра е неп­ро­ме­не­та во еден по­долг вре­мен­ски пер­и­од, пред се, по­ра­ди нес­та­бил­ни­те еко­ном­ско-со­ци­јал­ни ус­ло­ви во зем­ја­та и не­у­сог­ла­се­нос­та на рас­по­лож­ли­ви­те и пот­реб­ни­те про­фи­ли на па­за­рот на труд. Поради тоа, стап­ка­та на вра­бо­те­ност во зем­ја­ва во 2017 го­ди­на кај же­ни­те из­не­су­ва 34,6 и е зна­чи­тел­но по­ни­ска во спо­ред­ба со онаа кај ма­жи­те, ко­ја из­не­су­ва 53,6.

Но, родова нерамноправност во приходите има и во поразвиените земји. Така, же­ни­те во Ев­роп­ска­та Уни­ја се уш­те има­ат во про­сек 16 от­сто по­ма­ла пла­та од ма­жи­те, а ду­ри 39 от­сто по­ни­ски пен­зии, покажуваат податоците на Ев­рос­тат.

Спо­ре­ду­вај­ќи ја го­диш­на­та пла­та на ма­жи­те и же­ни­те, про­из­ле­гу­ва де­ка же­ни­те ра­бо­тат 59 де­на во го­ди­на­та по­дол­го од ма­жи­те за ис­та пла­та. Се­пак, раз­ли­ки­те во пла­ти­те во ЕУ се на­ма­лу­ва­ат, но бав­но и не­до­вол­но. Со се­гаш­ни­от ри­там, пла­ти­те ме­ѓу ма­жи­те и же­ни­те би се изед­на­чи­ле за 70 го­ди­ни.

Раз­ли­ки во пла­ти­те ме­ѓу два­та по­ла има во си­те зем­ји-член­ки на ЕУ, а при­тоа во Сло­ве­ни­ја има нај­ма­ла раз­ли­ка од са­мо 0,9 про­цен­ти. Сле­ду­ва Пол­ска со 4,5 от­сто, Ита­ли­ја со 5,3 от­сто и Лук­сем­бург со 8 от­сто. Нај­го­ле­ма­та раз­ли­ка од 27,7 про­цен­ти е за­бе­ле­жа­на во Ес­то­ни­ја, во Авс­три­ја раз­ли­ка­та е 24 от­сто, Гер­ма­ни­ја 22,3 от­сто и Гр­ци­ја 22 от­сто.

(М.Б.) 


Слично

Поврзани вести