Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија една од трите најзависни европски земји од рускиот гас

Македонија една од трите најзависни европски земји од рускиот гас

Македонија заедно со Босна и Херцеговина и Молдавија се најзависни од рускиот гас меѓу сите европски земји, покажуваат податоците од Агенцијата за соработка на енергетските регулатори на Европската унија (АЦЕР), како единствени три земји со стопроцентна зависност без друг извор на овој енергенс.

- Гасното поврзување со рускиот гас во Северна Македонија е преку Бугарија. Северна Македонија планира наскоро да изгради интерконектор за гас со Грција, проект со стратешко значење за земјата што ќе ја подобри енергетската сигурност и ќе овозможи диверзификација на гасното снабдување, се вели во резимето на АЦЕР. за Македонија.

Според податоците на АЦЕР објавени минатата недела, меѓу земјите во регионот, зависноста на Србија од рускиот гас е 89 отсто, на Бугарија 77 отсто, а Словенија 51 отсто.

Најзависна од  рускиот гас од западноевропските земји е Финска со 94 отсто, а најмалку зависна Франција со 24 отсто.


Слично

Поврзани вести