Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ: Зошто задолжување кога немало потреба за буџетот?

ММФ: Зошто задолжување кога немало потреба за буџетот?

Јавниот долг се зголемувал и без да има потреба од финансирање на буџетскиот дефицит, а тоа не е прецизно наведено во државните финансиски извештаи. Ова е една од забелешките на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Македонија во извештајот за фискална транспарнтност, кој го анализира Фактор. 

Во заклучоците стои дека Македонија вложила напори за подобрување на своите практики за фискална транспарентност и дека е постигнат напредок на тоа поле. Сепак Фондот дава низа препораки за зголемување на јасноста во планирањето и трошењето на јавните финансии.

„Разликите во клучните фискални агрегати помеѓу извештаите на државата и статистичките извештаи не се објаснети и ниеден извештај не објаснува како промената на државниот долг може да не се доведе во врска со буџетскиот дефицит, што е важно со оглед на тоа што во неколку години имало значајни промени во долгот што произлегоа од други фактори, а не само од потребите за финансирање на дефицитот, стои во извештајот.

ММФ нотира дека и покрај тоа што буџетот ги вклучува најважните владини приходи и расходи, сепак ги исклучува приходите кои државата ги собира и ги алоцира кон Агенцијата за државни патишта, а тоа се 0,7 отсто од БДП, но и приходите од потребата за осигурување на депозити кои се 0,2 отсто од БДП.

Во извештајот стои дека и покрај напорите буџетот да нема политичка ориентација, тој е скроен без база на објективни фискални планови. Од Фондот утврдиле дека најважните фискални ризици не се јасно наборени во ниту еден збирен документ.

ММФ заклучува и дека Државниот завод за ревизија не дава мислење за тоа дали владиниот буџетски извештај правилно ги претставува јавните финансии.

„Да се ​​подобри квалитетот на фискалното известување, преку објавување податоци за државни средства и финансиски обврски; усогласување на промените во состојбата на долгот и буџетскиот дефицит и да се објаснат разликите во фискалните агрегати помеѓу статистичките и фискалните извештаи, стои во препораките на извештајот.

ММФ бара Владата да објавува долгорочни проекции за јавниот долг и да се ​​зајакне следењето и надзорот над фискалните ризици кои произлегуваат од јавните приватни партнерства.

Александра Томиќ


Слично

Поврзани вести