ММФ: За посилна светска економија потребни се иновации и работа
Од избивањето на глобалната финансиска криза многу економии се соочени со слаб раст, што би можело да го забави подигањето на животниот стандард во иднина , се наведува во најновата студија на ММФ.
Развиените економии уште пред кризата беа забавени поради стареењето на анселението и заостанување во иновациите, а во период од 2008 до 2014 година стапката на потенцијален раст кај нив паднала на само 1,3 одсто.
Експерти на ММФ во идните пет години очекуваат забрзување на растот кај развиените земји на 1,6 одсто, што е премалку за намалување на јавните и приватни долгови.
Што се однесува до економиите во равој, нивниот раст од кризата паднал на 6,5 одсто додека во следните пет години се очекува пад на 5,2 одсто, поради намалување на продукутивноста , пад на вложувањето у стареење на населението.
Кина, според проценките, би требало да уште посилно да се забави, поради промената на економскиот модел, кој се свртува кон потрошувачката.
Сепак, експертите на ММФ не се целосно песимистични, и наведуваат дека комбинацијата со различни мерки на раст може да се забрза. Така наведуваат дека иновациите и продуктивноста би можеле да се поттикнат низ потпорите на истражувањата и развојот, подобрување на законските регулативи за заштита на патенти, и даночни олеснувања и субвенции, во земјите каде тие се на ниско ниво.
Продуктивноста на работната сила, наведува ММФ , може да се постигне со подобра едукација, а исто така би требало да се зголеми вклученоста во пазарот на работа на жените и постарите лица.
