Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ ВО МАКЕДОНИЈА: Двонеделна контрола на состојбата!

ММФ ВО МАКЕДОНИЈА: Двонеделна контрола на состојбата!
Од денеска па во следните две недели, тимот на Меѓународниот Монетарен Фонд предводен од шефицата на мисијата за Македонија, Ивана Владкова Холар е во Македонија. Започнуваат  разговорите за извршување на “Пост-програмскиот мониторинг“ за оваа година. Ова значи дека во следниот период ќе бидат анализирани економските параметри поврзани, особено со надворешната одржливост на земјата, односно нејзината кондиција навреме да ги сервисира своите обврски. Како што информираат од седиштето на ММФ во земјава, станува збор за двонеделни разговори по што ќе биде изготвен и Извештај кој ќе биде поднесен до Бордот на директори на ММФ.
“Консултациите по Член 4 од Членовите за договорот на ММФ се редовно извршување на проверка на која се обврзуваат сите земји членки кога се приклучуваат кон ММФ. Процесот на ППМ е наменет за земји-членки коишто имаат значително преостаната обврска кон Фондот по истекот на нивните аранжмани“ – објаснуваат за Фактор од седиштето на ММФ во Скопје.
Од почетокот на минатата година ММФ ја вклучи Македонија во овој така наречен “Пост – програмски мониторинг“, со кој главно се опфатени земји што немаат аранжман со Фондот, но имаат долгови кон него. Бордот на директори на ММФ, откако на почетокот на годинава објави дека ќе направи  втор “Пост – мониторинг програм“ со Македонија, ја  соопшти и оценката за тоа како се реализираше, односно како се потроши Кредитната линија за претпазливост, што земјава ја зема во 2011 та година, непосредно пред предвремените парламентарни избори. Нема да се вратат стапки на раст од 6 % Според очекувањата и оценките на директорскиот борд стапката на економски раст ќе зајакне до 4% на среднорочен период, но оние стапки на раст од 6% кои беа испорачани пред кризата, најверојатно нема да се повторат. Како генератор на растот на БДП, според директорите на ММФ и натаму ќе биде домашната потрошувачка. “Економскиот раст продолжува да јакне иако не на широка основа. Надворешните и фискалните слбости се зголемија. Долгот на Централната Влада иако се уште е умерен во рамките на прокетираните 36% од БДП, тој пораснал за околу 15 проценти од почетокот на кризата. Неодамна воспоставената Среднорочна стратегија за управување со Јавниот долг е добредојдена. Капацитетот за сервисирање на надоврешните долгови, вклучувајќи го и оној кон ММФ, останува на адекватно ниво. “ - пишува во оцеката на ММФ. Се предвидува дека Јавниот долг и натаму ќе расте. “Јавното претпријатие за државни патишта потпиша кредитна линија од 550 милиони евра со кинеската Ексим банката, која треба да биде исплатени во текот на 2014-2018 година.  Македонската банка за развој (МБПР) има склучено договор за дополнителни кредитна линија од околу 100 милиони евра од ЕИБ. Генерално, се предвидува дека Јавниот долг ќе се  зголеми од 41% до 49 проценти од БДП во периодот од 2013 та до 2018 та година“ – пишува во оценката на ММФ. Повеќето директори се согласија дека ПЛЛ беше вистинскиот инструмент за Македонија во време на неговото одобрување, преку обезбедување ефективно осигурување од надворешни шокови. Сепак, некои директори забележаа дека фискалната институциска слабост стана очигледна по одобрувањето на аранжманот и дека повлекувањето беше искористено како одговор на домашните, а не надворешните шокови“ – беше посочено во извештајот. Инаку, по првата контрола на мисијата на ММФ, како дел од “Пост-програмскиот мониторинг“, во средината на минатата година, Фондот на Владата и препорача да ја обнови буџетската транспартентност и да воспостави Среднорочна фискална стратегија која треба да биде одраз на приоритетите. Во препораките по мониторингот беше посочено дека треба да се напушти антикризната фискална политика и да започне консолидацијата. “Буџетскиот дефицит треба да се намали од 3,5 отсто на 2,5 отсто, а примарниот дефицит на централната влада да се намали за 1,6 отсто“, пишуваше  во Извештајот по редовната ланска контролна мисија. Во однос на кондицијата на Македонија редовно да го отплаќа долгот кон ММФ, во извештајот тогаш беше посочено дека таа е засега добра, но со оценка дека задолжувањето расте  значително во последните години. Каков извештај ќе подготви шефицата на ММФ заедно со нејзиниот тим допрва ќе се анализира. А.Д.
Слично

Поврзани вести