ММФ: Во Грција има политичка опасност за постигнување на буџетските цели
Грција е меѓу земјите koi криjat политички ризици за постигнување на буџетските цели, пишува во извештајот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), цитиран од агенциите.
Фондот предупредува дека евентуалeн политички ќор-сокак во овие земји, вклучувајќи го и оној во Грција, би можел да предизвика компликации при реализација на политиката или да го обесхрабри преземањето на смели иницијативи од нив. Организацијата не ја исклучува и можноста за предвремени избори во земјата уште оваа година.
Забележува дека извештајот на Фондот содржи податоци за финансии на Грција во 2015 година, кои се разликуваат од наведените од грчката влада.
Вчера Ројтерс објави нацрт меморандум меѓу грчката влада и ММФ, чии предвидувања покажуваат дека оваа година Грција ќе биде со примарен дефицит од 0,5 отсто, со примарен суфицит од 0,25 отсто во 2017 година и со примарен суфицит од 1,5 отсто во 2018 година.
Во меѓувреме, аналитичарите од „Bank of America“ и “Deutsche Bank“ сметаат дека грчката влада уште еднаш применува класична тактика да ги запре преговорите со доверителите со политичко прашање во обид да ги надмине приговорите на технократите.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас беше примен синоќа во Елисејската палата од францускиот претседател Франсоа Оланд.
Средбата се одржала непосредно откако претходно оваа недела во Атина беа запрени преговорите на грчката влада со меѓународните кредитори на земјата, на кои се бараше решение за понатамошно надворешно финансирање на Грција по линија на третиот спасувачки пакет. Вкупната оценка за разговорите е дека на нив била истакната потребата од договор меѓу Атина и меѓународните кредитори, што е факт уште претходната недела. Франсоа Оланд покажал разбирање во однос на грчките позиции, велејќи дека Грција ги исполнува преземените обврски и дека грчката економија се развива во позитивна насока.
По Париз, грчкиот премиер денеска ќе биде во Стразбур за средба со претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.
Турнејата на Ципрас ќе заврши во Брисел, каде што ќе учествува во планирана работна вечера со високи претставници на фондацијата Axel Springer, посветена на перспективите за грчката економија.
Во меѓувреме, грчкиот министер за финансии Евклидис Цакалотос заминува за Вашингтон за учество во исклучително важна за Атина средба на ММФ и Светската банка, на која ќе се разговара за решавање на грчкиот долг. Негова главна цел на неа ќе биде да бара поддршка за бараното олеснување на долгот од Атина . Особено Цакалотос ќе инсистира каматите на долгот да станат фиксни, пишува „Ta Vima“.
