Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ во двонеделна мисија во Македонија

ММФ во двонеделна мисија во Македонија

Меѓународниот монетарен фонд во следните две недели ќе прави дијагностичка мисија за управување со јавните финансии во земјава. Станува збор за проверка која ќе се спроведува прв пат во Македонија, а Владата очекува преку неа да се подобри менаџирањето на јавните инвестиции кои се важен катализатор за економски раст.

Мисијата започнува денеска, а министерката за финансии Нина Ангеловска вели дека преку оваа проценка очекува да се дојде до системски решенија.

„Од мисијата очекуваме експертите на ММФ да ги оценат досегашните процедури, алатки, носењето одлуки од страна на институциите и да дадат препораки за системско решение. Секако и идентификување и преземање на потребните активности од страна на институциите за подобрена реализација на капиталните инвестиции, напиша Ангеловска на фејсбук. 

Додава дека пред неколку месеци ја пуштиле новата алатката за транспарентност - со која јавноста ги следи капиталните инвестиции на секоја институција и прави притисок за подобра реализација.

Слично

Поврзани вести