Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ: Владата ќе ги врати долговите, но што правиме следната година!

ММФ: Владата ќе ги врати долговите, но што правиме следната година!
ММФ бара да не се зголемува јавниот долг во Македонија, кој сега е на ниво од околу 30 % од БДП. Претставникот на ММФ во земјава, Александар Тиеман смета дека најголем предизвик за земјата ќе биде да не се зголемува долгот, да не се зголемуваат даноците во услови на зголемени трошоци за пензии. Тиеман побара и поголема отчетност на Владата во однос на долговите кон фирмите. „Да видиме кој е реалниот износ на долговите тука, не би знаел. И второто прашање што оди рака под рака со ова е кој ќе биде планот за сето тоа. На пример, имаше некои најави дека ќе се исплати сиот тој долг до крајот на февруари, меѓутоа како тоа подетално би се спровело. И уште една работа тука, добро, проблемот се случи како проблем, но да видиме какви промени во системот се направени за ова да не се случува во иднина. Значи, во ред, вие ќе ги исплатите долговите, но следната година може истото пак да ви се случи. И третата работа што би сакал да ја потенцирам е како да се финансира тоа бидејќи Македонија е ограничена земја кога станува збор за можностите за финансирање.“ Сè уште немаме одговори на овие прашања кои се однесуваат на проблемите на кус рок, додава Тиеман.
Слично

Поврзани вести