ММФ: Тирана да преземе мерки за брзо намалување на јавниот долг
Новата албанска Влада да преземе дејствија за намалување на јавниот долг на земјата, апелираа претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кои се во посета на Тирана.
Шефот на мисијата на ММФ, Надим Илахи, изјави дека се неопходни брзи дејствија за намалување на албанскиот долг, како и за гаснење на задолженијата кон приватни претпријатија во земјата.
Според ММФ, буџетското заздравување треба да се фокусира врз даночната политика и врз приходите, кои регистрираа пад.
Слично
