ММФ стравува за одржливоста на грчкиот долг
,,Одржливоста на грчкиот долг останува предмет на големи стравувања најмногу за Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) “- изјави денеска во Брисел шефот на Еврогрупата Јерун Дејселблум.
Според него, министри за финансии од еврозоната ги чека долга седница исполнета со многу ,,прашања и критики”, каде сите ќе треба да се изјаснат за новиот спасувачки план за Грција.
Новиот пакет помош, кој Грција го очекува од меѓународните кредитори е вреден 85 милијарди евра.
Дејселблум вели дека ММФ ќе се приклучи на програмата за помош на Грција во октомври, но откако ќе се оцени одржливоста на долгот.
Слично
