ММФ со совет до Хрватска – да ги намали трошоците!
Хрватска се соочува со се поголеми проблеми и треба значително да ги намали своите трошоци, посочија од Меѓународниот монетарен фонд по својата посета на оваа држава.
Според ММФ на Хрватска и е потребна фискална консолидација и структурни реформи, намалување на трошоците за пензии и здравство и внесување на измените во Законот за работни односи.
„Хрватските власти треба веднаш да ги спроведат долго одложуваните реформи во пензискиот систем и измените во Законот за работни односи, како и да се намалат инвестициските блокади“, посочуваат од ММФ.
Слично
