ММФ:Сиромашните земји се жртви, корупцијата „јаде“ над 2% од светското богатство
Корупцијата годишно „јаде“ над 2% од вкупното светско богатство, се наведува во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд.
„Корупцијата е сложен феномен кој му одолева на времето“, се оценува во извештајот објавен пред денешниот самит за борба против корупцијата во Лондон на кој ќе учествуваат шефови на држави и влади на четириесетина земји.
„Сиромашните земји се најголеми жртви на корупцијата, бидејќи зависат од секторот на јавните услуги“- вели директорката на ММФ, Кристин Лагард.
На мито секоја година се троши околу 2 илјади милијарди долари, што е еднакво на бруто домашниот производ на Франција, стои во извештајот. Се наведува дека корупцијата поттикнува избегнување на плаќање на даноците и води кон насилства и граѓански војни чии последици се катастрофални и резултираат со трајна макроекономска нестабилност.
ММФ неодамна заради системска корупција ја запре помошта за Украина, Малави и Мали.
