Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ се сомнева во Грција: Планот на реформи без гаранција за почитување на обврските

ММФ се сомнева во Грција: Планот на реформи без гаранција за почитување на обврските

Меѓународниот монетарен фонд денеска оцени дека планот на реформи, кои ги достави грчката влада за да и биде продолжен програмот на финансиска помош, му недостауваат јасни критериуми кои владата во Атина би требало да ги следи поради исполнување на преземаните обврски.

„Во бројни области, но и оние најважните, писмото на грчката влада со кое се предлагаат реформи не се нуди јасна гаранција дека ќе бидат спроведени предвидените реформи“, се наведува во соопштението на директорката на ММФ, Кристин Лагард.

Лагард меѓутоа, ја поздравила „силната решеност“ на грчката влада во борба против затајување на данок и корупција.

Министрите за финансии на еврозоната денеска, по завршувањето на едночасовната телефонска седница на која ја разгледуваа листата со реформи која ја доставил премиерот Алексис Ципрас и министерот за финансии Јанис Варуфакис, го одобриле четиримесечното продолжување на програмот на финансиска помош за Грција.

Слично

Поврзани вести