Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ се понуди да и помогне на Србија

ММФ се понуди да и помогне на Србија

Преку финансиски аранжман или консултации, Меѓународниот монетарен фонд е подготвен да ја поддржи Србија , со цел да се намали долгот на среден рок, изјави Џејмс Роаф, претставник на ММФ за централна и источна Европа.

- Ние сме подготвени да ги поддржиме онака како што им одговара, истакна Роаф.

Тој додаде дека доколку Србија сака совет, ММФ ќе и го даде, а доколку сака финансиски аранжман и на тоа може да поработи.

Роаф истакна дека економскиот раст во регионот следната година би требало да биде повисок, но дека се уште постојат значителни ризици.

- Проценуваме дека речиси сите земји во регионот ќе имаат поголем раст следната година и тоа со помош на закрепнувањето во Западна Европа, додаде тој.

Слично

Поврзани вести