Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ: Реформи или останувате сиромашни!

ММФ: Реформи или останувате сиромашни!

Недостатокот на реформи и високата невработеност се клучните проблеми со кои се соочуваат економиите на Југоисточна Европа, оценува ММФ.

Овој тренд како што наведуваат од меѓународните финансиски институции, ќе се промени само во структурните реформи и намалување на корупцијата и бирократијата.

„Најголемата грешка на економскиот модел на Западен Балкан (економиите на Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Србија, БиХ) е хроничен проблем на недоволно искористување на човечките ресурси, односно високата невработеност“, се вели во извештајот на ММФ, за 15 години на транзиција во овој регион, чии делови ги објавува Сараевски „Дневни аваз“.

Фондот наведува дека стапката на невработеност во регионот е за најмалку 10 отсто повеќе отколку во земјите-членки на Европската унија и тоа е главната причина за нивната економска заостанатост.

„Вработеноста е особено ниска меѓу жените и младите луѓе, а таа е изразена во БиХ и Косово. Земјите од Западен Балкан треба да креираат нови работни места, ако сакаат да се поништи трендот на сиромашните на пазарот на трудот, кои се причина за заостанувањето“, пишува во извештајот.

Структурните реформи, вклучувајќи ја и приватизацијата на неефикасни општествени претпријатија, се единствениот одговор на оваа ситуација, со цел да се постигне напредок на земјите од регионот кон побогатите земји на Европската унија, наведува ММФ.

Се истакнува дека за напредокот на приватниот сектор како клучен двигател на растот потребно е да се решат проблемите на конкурентноста, вклучувајќи ја прекумерната бирократија и лошото управување.

„Без храбрите поттикнувања за нови реформи, земјите од Западен Балкан не може да очекуваат дека ќе привлечат нови инвестиции, кои се неопходни за финансирање на брзиот и одржлив раст, па се изложувате на ризик дека ќе заглавите на ниво на приходи помалку од една третина од нивните побогати соседи“ , се вели во извештајот на ММФ.

Слично

Поврзани вести