Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ предупредува дека неиздавање на фискални сметки е сериозен проблем

ММФ предупредува дека неиздавање на фискални сметки е сериозен проблем

Меѓународниот монетарен фонд алармира дека поради неиздавање на фискални сметки, ДДВ-то во Maкедонија не се собира во целост. 

Според ММФ остануваат од 15% до 25 % од потенцијалните даночни приходи, кои наместо во буџетот се слеваат во сивата економија. Државата лани собрала 800 милиони евра по основ на ДДВ, но оваа сума не става под просекот на земјите во регионот.

За подобра наплата на ДДВ премиерот Зоран Заев најави поврат на 15% од прибраниот ДДВ кон граѓаните. 

Заев веќе најави дека од 1 јули ќе стартува поврат на 15 отсто ДДВ за граѓаните, со што тие сами ќе бидат контролори затоа што ќе сакаат да купуваат само од оние дуќани што ќе издаваат фискални сметки. 

Слично

Поврзани вести