ММФ потврди дека Грција ги платила заостанатите долгови
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) потврди дека добил 2 милијарди од Грција. Ова го соопшти официјалниот претставник на Фондот Џери Рајс, цитиран од агенциите.
"Можам да потврдам дека Грција денес ги исплати своите долгови во износ од околу 2 милијарди евра. Грција веќе не му е должник на ММФ", најави тој.
На 17 јули доверителите одобрија мостови финансирања за Грција во износ од 7 милијарди евра, со што Атина расчисти со ЕЦБ и ММФ.
Средствата се наменети за итни потреби на земјата, за да може економијата да издржи до крајот на претстојните преговори во следните недели за новата тригодишна програма на вредност 86 милијарди евра.
Претходно денеска германскиот канцелар Ангела Меркел одби делумно отпишување на грчкиот долг.
