ММФ: Под итно да се преструктуира банкарскиот сектор во Словенија!
Итно преструктуирање на банкарскиот сектор препорача Меѓународниот монетарен фонд на Словенија. Во соопштението на ММФ кое го пренесе агенцијата АНА-МПА, стои дека Словенија треба да продолжи да вложува напори за финансиско оздравување и да го намали својот долг. Истовремено ММФ ја поздрави реформата на пензискиот систем како кој го нарече чекор во позитивна насока.
Од Фондот очекуваат во текот на оваа година словенечката економија ќе се намали за два проценти. За 2014-та прогнозираат раст, но само во случај да се реализираат структурните реформи.
Мисијата на ММФ престојуваше во Словенија од 12 до 18 март за да ја провери состојбата на економијата, функционирањето на банкарскиот сектор и економските предизвици во земјата.
