ММФ: Падот на цените на нафтата ќе ги чини извозниците 300 милијарди долари!
Падот на цените на нафтата ќе ги чини моќните извозници на енергенсите од Советот за заливска соработка околу 300 милијарди долари, што ќе доведе до буџетски дефицити во бројни земји, соопшти денеска Меѓународниот монетарен фонд.
Фондот предвидува дека од сите членки на Советот за заливска соработка дека оваа година единствено Кувајт има вишок во буџетот, додека Саудиска Арабија, Бахреин, Оман, Катар и Обединетите Арапски Емирати потонале во дефицит.
Во другите извозници на нафта и гас од Блискиот исток, Иран, Ирак, Алжир и Либија, како и земјите од централна Азија, падот на цените на нафта ќе однесат 125 милијарди долари, што речиси сите земји ќе ги турне во фискален дефицит, наведува ММФ.
„На повеќето извозници им е потребно цената на нафтата да биде значително над 57 долари за барел, колку што се прогнозира за 2015. за да би ја покриле буџетската потрошувачка, која во последните години е во пораст во светло растечките социјални притисоци и цели на развој на инфраструктурата“, наведува фондот, додавајќи дека само Кувајт, Туркменистан и Узбекистан успеале да сочуваат врамнотежен буџет.
Сепак, повеќето извозници на нафта во текот на годината успеале да акумулираат буџетски суфицит и имаат доволно средства да ги избегнат значајните сечења на буџетот.
