ММФ: На Македонија и е неопходен побрз економски развој, но тој да биде одржлив
Бас Бекер, шеф на Регионалниот оддел за брзорастечки европски земји во Дирекцијата за Европа при Меѓународниот монетарен фонд, смета дека фиксниот девизен курс е корисен за Македонија и тоа треба да продолжи и во иднина. Тој порачува дека на Македонија и е потребен побрз и одржлив економски раст.
Според Бакер, кој денеска во Скопје имаше презентација на тема „Побрз, повисок, посилен – зголемување на потенцијалот за раст на Централна, Источна и ЈИЕ“, ќе треба многу време да се достигне развој со проекции за економски раст од 2-3 проценти.
- Потребен ви е многу побрз раст, но потребно е тој да биде одржлив и да има прилив на капитал, рече Бакер на прес-конференцијата по презентацијата.
За посилен раст, спроед него, дека треба да се надминат последиците од кризата, да се подобри деловното окружување, економиите да станат поотворени и да се подобри нефункционалноста на пазарот на труд.
Предвидениот раст за оваа година на земјите од регионот е 1,7 проценти, а за наредната е 2,7 проценти. Бакер потенцира дека растот следната годна во сите земји во регионот ќе биде поголем.
Слично
