ММФ: Мал раст на американската економија
ММФ соопшти дека американската економија ќе зајакне оваа година за 3,1 одсто, што е солидно, но ниско во однос на прогнозата од јануари која изнесуваше 3,6 одсто.
ММФ предвидува дека економијата на земјите од еврозоната ќе зајакне за 1,5 одсто оваа година додека пак во јануари таа прогноза изнесувала 1,2 одсто.
Оваа финансиска институција наведе дека економијата на Јапонија ќе зајакне за еден отсто. Претходната, јануарска прогноза говореше за 0,6 одсто.
Силниот долар допринесува за повисоки цени на американските производи во странство, што на европските и јапонските извозници им дава предност на пазарот.
ММФ ја задржа прогнозата за светот (3,5 одсто) и за Кина (6,8 одсто).
Слично
