Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ: Македонската економија со помал раст од предвиденото

ММФ: Македонската економија со помал раст од предвиденото

Прогнозата за економскиот раст на Македонија е намалена. 

Според ММФ, стопанските активности годинава треба да се зголемат за 2.5%, а не за 3.4% како што беше предвидено во април. Намалени се очекувањата и за следната година, од 3.4% на 3.2%.

За Македонија ММФ проектира и зголемен дефицит на тековната сметка и оваа и во следните години. За 2017-та тој ќе достигне 2.3%, за 2018-та 2.5%, а за 2022-та дури 3.1%.

Во најновиот извештај на ММФ е наведено дека годинава инфлацијата ќе достигне 1.7%.

ММФ ја зголеми проекцијата за раст на глобалната економија за 0.1 процентен поен и за оваа и за следната година. Очекувањата се дека вкупните економски активности во светот ќе се зголемат за 3.6% во 2017-та и за 3.7% во 2018-та.

Според најновиот, октомвриски извештај на ММФ најголем раст во регионот треба да има Турција (11.1%), потоа Косово (4.4%), и Црна Гора (3.2%). Меѓу послабите е Македонија со  2.3%, а под неа Бугарија со 1.9%, Босна 0.9% и последна е Хрватска, која годината треба да ја заврши со негатива од 0.3%.

Слично

Поврзани вести