Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ: Кинеската економија ќе ги надмине зацртаните цели за раст во 2013 година

ММФ: Кинеската економија ќе ги надмине зацртаните цели за раст во 2013 година

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека кинеската економија е на пат годинава да постигне раст од 7,75 проценти, што е повисоко од проценката на официјален Пекинг и растот од 7,6 проценти во првата половина од годината.

Како закани се наведуваат растечките внатрешни проблеми во финансискиот, фискалниот и секторот на недвижности.

Меѓународниот монетарен фонд сепак, сè уште очекува кинеската економија да напредува со темпо од 7,75 проценти оваа година, без оглед на скромниот раст во првиот квартал и благодарение на силната домашна побарувачка, која ќе ги неутрализира слабостите во надворешното опкружување.

Втората по големина економија во светот лани порасна за 7,8 проценти, најниско од 1999 година.

Фондот ја повика владата да го ограничи ризиците за финансиската стабилност преку зауздување на растот на кредитирањето и на нетрадиционалните начини на кредитирање.

Слично

Поврзани вести