ММФ: Киев не може да го плати долгот од 3 милијарди долари кон Русија до крајот на 2015-та
Вкупната континуирана сума на државниот долг на Украина е околу 50 милијарди долари. Од обврските на земјата во еврообврзници со вредност од 16 милијарди долари, до крајот на годината Киев треба да и плати на Москва 3 милијарди долари, пишува „РИА Новости“.
Прогнозите на Меѓународниот монетарен фонд покажуваат дека Украина не е во состојба да ги отплати своите обврски кон Русија од 3 милијарди долари до крајот на декември.
Како што пишува „Financial Times“, повикувајќи се на експерти, украинската влада има намера да го реструктуира долгот во износ од 15 милијарди долари во текот на следните 4 години. Ова влегува и во планот на ММФ да ја затвори финансиската дупка на Украина во износ од 40 милијарди долари.
Се претпоставува дека долгот кон Русија исто така ќе биде вклучен во тоа реструктуирање. Но како што се изјаснува еден претставник на ММФ, властите во Киев се одговорни за обемот и видот на долговите, кои ќе бидат вклучени во новите операции со Фондот.
Вкупниот државен и гарантиран од државата долг на Украина кон крајот на 2014 година достигна 71 одсто од БДП, како тековен дел од него се околу 50 милијарди долари.
Киев се сврте кон Москва со барање да се преиспита рокот на обврските и обврзниците, купени од Русија, што не беше прифатено. Но Москва сепак се согласи да не бара предвремена отплата, иако имаше право на тоа, поради нарушените клаузули од договорот.
