Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ: Каков раст и инфлација предвидува за Македонија?

ММФ: Каков раст и инфлација предвидува за Македонија?

Меѓународниот монетарен фонд ја ревидира прогнозата за економскиот раст на Македонија. 

Од ММФ за годинава од 3,2% сега прогнозираат раст од 1,9%.

Наведуваат дека буџетскиот дефицит ќе се зголемува, а стапката на невработеност за две години ќе се намали до 23%.

ММФ во регионалниот економски извештај објавен денеска, додава дека инфлацијата во Македонија годинава ќе биде 0,3%, наредната 2,6, а во 2019 година 1,9%.

За следната година ММФ предвидува раст на македонскиот БДП од 3,2%, а во 2019 година од 3,4%.

Европската комисија предвидува дека Македонија годинава ќе ја заврши со економски раст од 1,7%, а за следната година предвидува раст од 2,7%.

НБРМ, пак, очекува растот на БДП годинава да биде само 0,5%, додека Министерството за финансии очекува раст од 1,6%.

Слично

Поврзани вести