Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ ја поздрави Азиската инвестициска банка

ММФ ја поздрави Азиската инвестициска банка

Кинеската влада е во процес на создавање нови институции како би го намалила влијанието на ММФ и Светската банка.

Во Кина е одржан развоен форум на кој регионалните и лидерите на светските економски институции разговарале за изгледите за создавање на нова регионална банка.

Со надеж дека ќе се намали влијанието на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, институцијата во која најмногу право на глас имаат САД, кинеската Влада е во процес на создавање на нова институција.

Азиската инфраструктурна инвестициска банка во моментов дејствува како меѓународен фонд, кој распола со 50 милијарди долари за инвестиции во јавната инфраструктура, првенствено во азиските земји.

Заинтересирани и европските сили

Апликацијата за членство поднеле и најсилните европские економии.

Претставниците на постоечката Азиска развојна банка ја поздравиле инцијативата на Пекинг. Истото го направила и директорката на ММФ Кристин Легард, која напоменала дека новата азиска банка нема да биде конкуренција за ММФ.

„Навистина ја поздравуваме оваа иницијатива, која ја сметаме за оправдана и за која веруваме дека ќе биде добар допринос во соработката на меѓународните финансиски институции. Би сакала ММФ да се занимава со инвестирање во проекти за инфраструктурата, но тоа не е наша активност, така што новата азиска банка не може да ни биде конкуренција. Напротив тоаможе само да ја продлабочи нашата соработка и искрено се радуваме на соработката со оваа институција“, рекла Легард.

Слично

Поврзани вести